Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
Албанскиот Институтот за статистика, ИНСТАТ, објави дека инфлацијата во месец април изнесува 2,1 отсто, што е за 0,2 отсто пониска споредено со месец март, додека во однос на април минатата година е пониска за 2,5 отсто.
– Ова е најниското ниво на инфлација од октомври 2021 година, кога цените почнаа да растат како резултат на проблеми со снабдувањето создадени од пандемијата, а потоа и од нарушувања на пазарот како последица на нападите на Русија врз Украина. Максимална вредност инфлацијата достигна во текот на 2022 година кога изнесуваше 8 отсто на годишно ниво, јави државната агенција, АТА.
Намалувањето на инфлацијата ги надмина и предвидувањата на Централна банката на Албанија, која најави дека има за цел да ја задржи инфлацијата на ниво од 3 отсто.
Според АТА, Албанија и понатаму има најниска стапка на инфлација споредено со земјите во регионот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Медиуми: Историски пресврт, се вработуваат рекорден број…
Во државните институции се случува историски пресврт,…
Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста…
Унгарската полиција денес објави дека ја забрани…
Нетанјаху: Израел има капацитет да ги уништи…
Израел може да ги погоди сите нуклеарни…
Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…
Откако му ги откривме сите скандали на…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…