Апсења во Ѓорче Петров, Центар и Аеродром поради дрога
Полициски службеници вчера привеле четири лица поради дрога на различни локации низ Скопје.
Најпрво во 16.30 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Ж.Т.(38) и И.Д.(40), двајцата од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
Потоа во 17.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А.(23) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Додека во 22.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.О.(36) од Скопје бидејќи кај него биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и халуциногена печурка.
-По целосно документирање на случаите ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле…
Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот…
Од 15 ноември задолжителна зимска опрема за…
Од 15 ноември до 15 март е…
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…