Апсења на повеќе локации низ Скопје поради дрога
Полициските службеници имале полни раце работа синоќа при што уапсиле неколку лица поради дрога.
– На 17.01.2023 во 23.55 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Б.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.
– На 18.01.2023 во 01.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ѓ.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.
– На 17.01.2023 во 20.25 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Ј.(30) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
– На 17.01.2023 во 22.00 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случаите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција денес очекува 140.000 демонстранти
Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…
„Гугл“ го одбил барањето на Трамп –…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Гугл“…
Романскиот претседател повика на посилен надзор на…
Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека Црното…
Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болните…
Жителите на Општина Брвеница утре ќе гласаат…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…