Апсење во Велес, четири лица се обиделе да сокријат пакет со марихуана од полицијата
Полицијата уапси четири лица кои во возило превeзувале и се обиделе да сокријат пакување со марихуана.
На 11.12.2023 околу 24.00 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Полициската станица од општа надлежност при СВР Велес ги лишиле од слобода А.Ј.(33) од село Војшанци, неготинско, С.Р.(26) од село Корешница, демиркаписко, М.Ч.(25) од Неготино и М.А.(33) од село Корешница, извести полицијата во дневниот билтен.
При контрола на патничко возило „фолксваген голф“ со неготински регистарски таблички, управувано од М.Ч., а сопатници биле останатите лица, полициски службеници го забележале А.Ј. при обид во возилото да сокрие пакување со марухуана, која била пронајдена и одземена, додаваат од полицијата.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…
Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…
ДВА ТАНКЕРА СО РУСКИ ДИЗЕЛ ГО СМЕНИЈА…
Два танкера кои превезуваат дизел од руско…
Мемов, Славески и Трајкова: Пензионерите да бидат…
Директорот на Фондот на пензиско и инвалидско…
(Видео) Најверојатниот иден премиер на Србија: Иран…
Дејан Шошкиќ од српската Студентска листа го…
Рокас: Годинашниот извештај е подобар од претходниот,…
Евроамбасадорот Михалис Рокас оцени дека Македонија во…