Објавено на:

Арагчи: Иран е подготвен на војна до судниот ден

t

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи за американската телевизија Ен-би-си (NBC) изјави дека Иран е подготвен на „војна до судниот ден“ со САД.

– Решително ќе се спротивставиме на секоја агресија, па и ако дојде до војна до судниот ден. Во исто време сме подготвени и за дипломатија, посочи Арагчи.

Тој се осврна и на иранскиот предлог за седумдневно примирје, оценувајќи го како „многу разумен план, кој е на маса“.

– Мораме да кажеме дека не слушнавме како претседателот Трамп го одбива овој договор, но сè уште чекаме официјален одговор преку посредниците, потенцира Арагчи.

Според предлогот за прекин на огнот, САД треба да одмрзне околу 12 милијарди долари ирански имот, да ја прекинат блокадата на иранските пристаништа и да ги укинат санкциите, а Иран за возврат повторно да ја отвори Ормуска Теснина.

Американскиот претседател Доналд Трамп го одби предлогот како неприфатлив. Тој вчера истакна дека Иран „сака итен договор за отворање на Ормуската Теснина бидејќи губи на сите полиња“.

Додека Трамп денеска посочи дека очекува разговорите со Иран да продолжат следната недела.

– Тие сакаат да постигнат договор, но тоа не е договорот што јас сакам да го направам. Ова е нешто за што можевме да се согласиме пред една година, истакна Трамп за Аксиос.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…

Македонија планира да создаде услови за привлекување…

Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…

Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…

Вучиќ повторно на чело на СНС? Предлогот…

Главниот одбор на Српската напредна партија започна…

Жена е повредена во Ѓорче – непознато…

Скопјанка на возраст од 67 години била…

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…

Во врска со одлуката на Народната банка…