Објавено на:

Арагчи: САД да се воздржат од нови воени авантури

t

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, денеска ги предупреди САД да се воздржат од нови воени „авантури“, откако ги осуди неодамнешните американски напади врз Иран како кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад во телефонски разговор со началникот на Генералштабот на пакистанската армија, Асим Мунир, објави иранското Министерство за надворешни работи.

Арагчи имаше оделни телефонски разговори со шефовите на дипломатиите на Оман и Турција, Бадр бин Хамад ал-Бусаиди и Хакан Фидан, со кои разговараше за најновите случувања во регионот, особено за ситуацијата во Ормуската Теснина, се наведува во соопштението на иранското Министерство за надворешни работи, пренесуваат британските медиуми.

Соговорниците ја нагласија потребата од користење дипломатски канали за да се спречи понатамошна ескалација на конфликтот, се додава во соопштението.

Два дена наназад Иран и САД разменуваат воздушни и ракетни напади, иако минатиот месец постигнаа Меморандум за разбирање, пренесуваат британските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арагчи: САД да се воздржат од нови…

Шефот на иранската дипломатија, Абас Аракчи, денеска…

БИЛД: Руски разузнавачки служби подготвувале напади во…

БИЛД објави дека германските безбедносни служби се…

Кумановец тешко повреден, со својот автомобил удрил…

Кумановец е тешко повреден откако со возило…

Седумдесет и три годишник запалил оган на…

Вчера во 12:50 часот во село Калуѓерица,…

Трамп ја ублажи реториката кон Мадрид: „Целосно…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја ублажи реториката…