,,Арачиновци не плаќаат данок” тоа е веќе минато, градоначалникот вели „не сме повеќе црна овца“

t

Со доаѓањето на новиот Градоначалник Ридван Ибраими на чело на Општината работите почнуваат да се менуваат драстично,од ден на ден Арачиново бележи само успеси во сите сфери,а успесите ги потврдуваат и релевантни меѓународни организации, велат од кабинетот на градоначалникот на Арачиново.

Во Скопје, во Хотел Холидеј Ин во организација на УСАИД се одржа презентација на соработката со повеќе партнер општини а Градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими ги презентираше податоците за 2023 година во делот на собрани даноци.

Општина Арачиново од вкупно 2675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422% раст.

Преставникот на УСАИД Бардил Марку во однос на соработката и резултатите за општина Арачиново цело време зборуваше во суперлатив, и ја нарече Арачиново ,,успешна приказна”

УСАИД исто така ја пофали Општина Арачиново и во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година.

Според најновите истражувања Општина Арачиново од 16 максимални индесни поени освоила 12 што е најголем раст, а исто така Арачиново бележи значително голем раст и во активната транспарентност.

На крајот од денешната презентација како што рече и самиот Градоначалник Ридван Ибраими, Арачиново не е веќе ,,црна овца” туку денес добиваме пофалби и веќе се мериме со многу по големи Општини и финансиски по јаки од нас, но нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне.

Градоначалникот Ибраими исто така им честиташе но истовремено им се заблагодари на општинската администрација и посебно на граѓаните на Арачиново за постигнатите резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Украина: „Ги напаѓаме рафинериите за нафта…

Украина ги нападна нафтените рафинерии и воениот…

Пендаровски од Охрид: Нашата заедничка кауза е…

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше…

Десетици смртни случаи во САД на луѓе…

Во 15-годишната истрага за практиката на давање…

(Мапа) Украина мора да се повлече 15…

Украина се подготвува да ги повлече војниците…

Додик: Сакаме да живееме слободно, но не…

Република Српска сака да живее слободно, а…