Аргентина официјално им рече „НЕ“ на БРИКС
Претседателот на Аргентина, Хавиер Милај, официјално ги известил членките на БРИКС дека неговата земја нема да се приклучи на блокот, пишува порталот „Инфобае“.
„Пред неколку дена Милај испрати официјални писма до претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, во кои објави дека Аргентина се повлекува од мултилатералниот форум на БРИКС“, наведува порталот.
Како што е наведено, Милај за својата одлука ги информирал и лидерот на Бразил Игнасио Лула де Силва, премиерот на Индија Нарендра Моди и претседателот на Јужноафриканската Република Сирил Рамафоса.
Претходно рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров најави дека Аргентина „одвоила време“ за да размислува за соработка со БРИКС, но дека интересот на земјите од Латинска Америка за асоцијацијата е многу сериозен.
По доаѓањето на власт, Милеј неколку пати изјави дека во својата надворешна политика има намера да се фокусира на односите со Вашингтон, а не со земјите од БРИКС.
БРИКС се состои од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка. По блок самитот, кој се одржа на 22-24 Август во Јоханесбург, јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса најави проширување на организацијата – на 1 јануари 2024 година ќе бидат примени Египет, Иран, ОАЕ, Саудиска Арабија и Етиопија. Следната година со БРИКС ќе претседава Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големи пожари во Аргентина, властите се сомневаат…
Шумски пожар во аргентинската Патагонија зафати речиси…
Земјотрес од 5,6 степени ја погоди северна…
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според…
Медведев: Заканите на Трамп за 10% царини…
БРИКС добива сè поголемо значење во светлината…
Трамп се закани со царини за земјите…
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со…
Самит на БРИКС во Бразил – Пути…
17-тиот самит на БРИКС е во тек…