Објавено на:

Аргентинското обвинителство: Лекарите на Марадона се обвинети за убиство од небрежност

t

Аргентинското Обвинителство побара да биде покренат обвинителен акт против лекарскиот тим на фудбалската легенда Диего Марадона, кој почина во 2020 година, поради убиство од небрежност.

Осумте членови на лекарскиот тим се товарат за „пропусти и непрофесионално постапување“ што Марадона го довело во „беспомошна состојба, во текот на скандалозна и полна со пропусти куќна хоспитализација“.

Аргентинската фудбалска легенда почина на 25 ноември 2020 година, на 60-годишна возраст од срцев удар во Буенос Аирес, додека се рехабилитираше од неврохируршки зафат.

Неврохирургот и лекар Леополд Луке и психијатарот Аугустина Косачов се под истрага.

Доколку и формално биде подигнат обвинителен акт, на осумчлениот лекарски тим им се заканува казна затвор од осум до 25 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум членови од медицинскиот тим на суд…

По обвинение за убиство од небрежност, во…

Траги-комична ситуација: Новинари се спасиле од украинските…

Случувањата во Украина предизвикуваат огромен интерес ширум…