Армиски хеликоптер и ер-трактор утре ќе се вклучат во гасењето на пожарот во беровско
Еден армиски, еден полициски хеликоптер и ЕР-трактор утре уште во раните утрински часови ќе интервенираат од воздух врз шумата која гори меѓу беровските села Будинарци и Митрашинци, вели за МИА директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Доцна попладнево армискиот хеликоптер направил само извиднички лет, од кој се добиени координатите и планот за утрешното гаснење на пожарот од воздух.
Ангелов вели дека се собираат и теренски возила кои можат да носат и поголеми количини на вода, со цел да се делува истовремено и од земја.
Градоначалникот на Општина Берово Звонко Пекевски побарал и од соседните општини да се вклучат во гаснењето на овој голем шумски пожар, кој е во непристапен планински предел.
Пекевски вели дека вечерва има дежурни екипи кои ќе внимаваат на неколку објекти – бачила со стока во овој планински предел.
Огнените јазици се на далечина од шест километри од регионалниот пат Берово – Виница и засега нема опасност по населените места во регион.
Според информациите од пожарникарите, зафатена е шума од над 50 хектари, а пожарот брзо се шири поради ветерот. Огнените јазици не се ставени под контрола, а исто така го гасењето на пожарот е вклучено и месното население по повикот за негова мобилизација од страна на градоначалникот Пекевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешко повреден е работник од Берово откако…
Работник од Берово на 68-годишна возраст е…
(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани
Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…