Армијата на помош: Британските болници во „воена состојба“ поради Омикрон

t

Поради недостаток на персонал како последица на ширењето на сојот Омикрон, британската влада ја користи војската за поддршка на болниците во Лондон и во други делови од земјата. – Пишува Дојче Веле.

Повеќе илјади вработени во Националната здравствена служба (НХС) секоја недела отсуствуваат од работа во Лондон, кој се соочува со огромен бран новозаразени со коронавирусот предизвикан од новиот сој Омикрон.

Британските вооружени сили се распоредени по лондонските болници за да пружат помош во борбата против зголемениот број пациенти со Ковид-19, бидејќи, поради сојот Омикрон, голем број од медицинскиот персонал е заразен и е неспособен за работа.

Од 200 распоредени воени лица, 40 се доктори кои ќе му помогнат на персоналот во НХС за грижа на пациентите, соопшти денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Имено, воените болничари ќе им помагаат на докторите и на медицинските сестри од составот на НХС со пациентите, а останатите војници ќе пружаат помош во болниците за да се пополнат „дупките“ поради недостатокот на медицински персонал. Кралското училиште за медицински сестри (РЦН) порача дека ангажманот на војската значи оти британската влада веќе не може да одрекува дека постои криза со здравствениот персонал во системот на јавното здравство.

„Премиерот и останатите веќе не можат лесно да ги отфрлаат прашањата за можностите на пресоналот на НХС за пружање здравствена нега. Откако е ангажирана војската, каде уште владата може да се обрати во обид да го „надмине“ актуелниот бран?“, прашува Патиција Маргис, директорка на РЦН за Англија.

Велика Британија во вторникот забележа нов рекорд од 218.724 ковид-случаи за едно деноноќие. Дури и ако бројот на починати и пациенти со Ковид-19 на кои им е потребна вентилација остане стабилен, бранот на Омикрон предизвикува преоптоварување на британските клиники, бидејќи многу вработени во болниците отсуствуваат од работа затоа што мораат да се изолираат поради инфекција или контакт со заразен од коронавирусот.

Британскиот премиер Борис Џонсон во вторникот рече дека НХС се враќа во „воена состојба“. Многу болници пријавија „инциденти опасни по живот“ поради недостигот на персонал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…

Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…

Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…