Армијата ќе објави конкурс за 300 нови војници
Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок.
– Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме конкурсите, се надевам веќе во пролетниот рок што доаѓа, што повеќе луѓе да влезат, да се натпреваруваат меѓу себе и да бидат дел од Министерството за одбрана, односно од Армијата, вели Мисајловски.
Истакна дека интересот кај младите постои и дека офицерскиот кадар и специјалните единици се на високо ниво на обученост. Мисајловски додаде дека со зголемувањето на буџетот за одбрана ќе се создадат услови и за подобрување на статусот и примањата на припадниците на Армијата.
– Минатата година, од јануари, сите вработени во Министерството добија 30 отсто зголемување на нивните плати. Кога ќе се зголемува буџетот на Министерството, се разбира дека ќе гледаме и кадарот да биде подобро платен, и тоа можам да го ветам, рече Мисајловски.
Министерот, исто така, најави дека набрзо ќе има решение со кое би се задржале војниците кои што ќе наполнат 45 години, за да можат да продолжат да го даваат нивниот придонес во Армијата.
– Има иницијативи, што најважно е како да се задржат сите војници што ќе наполнат 45 години. Мислам дека набрзо ќе има решение, со кое ќе бидат сите задоволени, како да ги задржиме сите војници во Армијата, за да можат дополнително да дадат придонес, рече Мисајловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доскорешниот началник на Генералштабот на АРМ, Васко…
Поранешниот началник на Генералштабот на Армијата на…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Професионалните војници по 45 години ќе можат…
Професионалните војници кои ќе наполнат 45 години…