АРМ доби нови „Страјкери“ – „Доказ за пријателството меѓу Македонија и САД!“

t

Новите лесни оклопни возила „Старјкер“, кои нашата армија ги набавува од Соединетите Американски Држави, денес беа промовирани во касарната во Петровец.

В.Д амбасадорката на САД, Никол Варнс, нагласи дека ова не се само возила за Армијата, туку и доказ за пријателството и соработката меѓу Македонија и САД.

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, нагласи дека е благодарен за оваа соработка која ќе продолжи и понатаму, со нови проекти.

– Благодарност до премиерот што ни даде огромен историски Буџет во Министерството, за модернизација, направивме повеќе договори Влада со Влада, продолжуваме со нови проекти, вели Мисајловски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека значително ќе се зајакне капацитетот на македонската Армија и им се заблагодари на сите кои учествувале во процесот.

– Ова за нас многу значи, ја подобрува оперативноста, ја зголемува мобилноста на Армијата и стануваме поконкурентни споредено со другите армии. Ние како Влада ќе продолжиме да инвестираме во АРМ, сакаме да имаме целосно нова, современа опрема и да бидат исполнети сите критериуми кои од нас се бараат до 2032 година. Ние сме над минимумот од 2%, за разлика од други земји, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…

Катар продолжува да посредува и да пренесува…

Катар ќе има одделни разговори за прекин…

Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…

САД и Кина се договорија да ги…

САД и Кина се договорија да ги…

Муцунски: Стратешкото партнерство со САД е суштински…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Мнозинството Американци и Канаѓани сметаат дека Трамп…

Мнозинството граѓани во САД и во Канада…