АРМ испраќа војници на вежбата „SIRA EX“ во Германија

t

Владата, на предлог на Министерството за одбрана, донесе Одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество на вежбата „SIRA EX“ во Сојузна Република Германија, согласно Планот за организација и учество на Армијата на вежби од меѓународен карактер за 2023 година.

Вежбата „SIRA EX“, според образложението од Министерството за одбрана, ќе допринесе за стекнување со знаења и обнова на веќе стекнатите знаења при процесот на донесување воена одлука на ниво баталјон и бригада. Целта на вежбата е лидерите и останатиот персонал да ги применуваат постапките при процесот на донесување на воена одлука на механизирано пешадиски и пешадиски единици во мултинационални команди и штабови на национално и меѓународно рамниште, а споделените искуства и научените лекции се неопходни за персоналот на Армијата за извршување на мултинационални операции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НОВ УДАР ВРЗ УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Над 600.000…

Повеќе од 600.000 луѓе останале без електрична…

САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…

Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…

Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…

Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…

Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…

ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…

Син-монструм: Ги нападнал своите родители и им…

На 07.11.2026 околу 11:00 часот во СВР…