Аросвска на еко-акција и едукација на учениците во Сарај по повод Денот на планетата Земја
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска заедно со ученици и дечиња кои посетуваат градинка во Сарај го однележаа денот на планетата Земја.
-Денеска со учениците од средното училиште на Град Скопје „Сарај“ и дечињата од градинката „Филиз“, по повод 20 април Денот на планетата Земја, заедно со јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје и Општината Сарај, имавме заедничка еко акција за едукација, чистење и селекција на отпад и садење украсни дрвца и цвеќиња на неколку локации во паркот во Сарај.


Дечињата цртаа на еко-теми, учеа низ игра со селектирање отпад и беа дел од еко-едукација за подигнување на свесноста за важноста на зачувување на животната средина и како правилно се постапува со комуналниот отпад уште од најмала возраст. – напиша Арсовска на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…
Пукање од возило во Сарај: Едно лице…
На 18.10.2026 во 09:50 чaсот во СВР…
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…