Арсовска апелира советниците да поддржат набавка на нови еколошки автобуси: Не ги изигрувајте граѓаните

t

На денешната седница на Советот на Град Скопје е предложена точка на дневен ред за обезбедување на средства за набавка на нови еколошки автобуси за ЈСП и апелирам до советниците кои најавија дека сакаат да ја тргнат точката од дневен ред да не го прават тоа, истакна на денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– На предлог на Градот пред советниците предложена е точна на дневен ред за обезбедување средства за набавка на нови еколошки автобуси. Апелирам до советниците на оваа прес-конференција да не се обидуваат да ја симнат оваа точка од дневен ред бидејќи се работи за проект од програмата “За Модерно Скопје” која тие ја поддржаа. Би било нечесно кон сите скопјани да бидат вака изиграни и изманипулирани, едно од клучните прашања за кои се зборуваше изминатите месеци е обезбедување на соодветен јавен превоз, апелираше градоначалничката.

Во одговор на прашањето за ситуацијата со приватните превозници, градоначалнинчката одговори дека тие можеа да се пријават на јавниот повик кој беше распишан, а зошто не се пријавиле треба да се прашаат превозниците.

– Имаше два јавни повици на кои сите кои сакаат да работат чесно можеа да дојдат, да се пријават и да работат. За мене воопшто не е загрижувачко што не се пријавиле, кога некого ќе повикате со јавен повик да работи и тие не дојдат и свесно не се пријават, треба нив да ги прашате зошто не дошле. Градот Скопје нема никакви должничко-доверителски односи со никого од овие превозници, најмалку со оие кои ги манипулираат, си ги наполниле џебовите со милиони, а нив ги манипулираат. Градот нема никаков договор кој предизвикува финансиски импликации или долгувања. Во договорите е утврдено дека под 80% не го исполнуваат договорот тој автоматски се раскинува. Втората опција е што не возеа повеќе денови и тие ги прекршија условите на договорот.

Ние се што имавме да кажеме кажавме, под уцени и закани не функционираме, јас не знам зошто одлучиле да не се пријават, можеле да си продолжат со дејноста. И јас немам доверба во некој што испумпувал пари и го манипулирал системот.

Ние во овој момент пред советот доставивме предлог кој е идентичен како 2019 година, не сакам да манипулирам со бројки, цените константно варираат, се планира да се земат пари од домашните банки, не од странство и целта е оваа година да имаме нови еколошки автобуси, истакна Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова откри на кого Лавров му рече…

Реченицата на министерот за надворешни работи Сергеј…

Лавров: Во Европската унија нема демократија туку…

Во Европската унија нема демократија туку „дисциплина…

Лавров одговора на прашања на Инфомакс! Македонија…

Нема непртијателски држави и народи, туку непријателски…

(Видео) Хаос: Скопје и утрово е блокирано!

Скопје и утрово е блокирано поради Самитот…

Дачиќ на средби со Лавров, Шаленберг, Сијарто…

На маргините на 30. Министерски совет на…