Арсовска бара да се вратат старите имиња на улиците кои беа променети во мандатот на Шилегов

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска бара да се вратат старите и имиња на антички личности на улици во Скопје кои беа ставени во времето на екс градоначалникот Коце Трајановски. Арсовска достави барање до Советот на Град Скопје да се поништи одлуката на нејзиниот претходник Петре Шилегов и новите имиња на 485 улици да не важат, објави „СДК.мк“.

Арсовска смета дека одлуката на Шилегов има пропусти и затоа не може да се спроведе целосно.

„За 33 имиња не е добиена согласност од Владата и поради тоа тие називи не се спроведени во надлежните институции односно одлуката е неспроведлива, при што постои колизија и истите имиња на дел од улиците за кои е добиена согласнот се веќе постоечки именувани улици со ист назив. Дополнително пропуст е направен со 12 улици за кои нејасно е определен потегот на улицата чиј назив треба да се промени. Поради тоа, предлагам одлуката да се поништи и да се пристапи кон изнаоѓање соодветни законски решенија“, се вели во образложението на Арсовска.

На 30 март 2021 година по предлог на тогашниот градоначалник Шилегов беа сменети имињата на 485 улици.

Се вратија старите имиња на Ленинова, Железничка, 4 Јули, Мексичка, Каирска, Стив Наумов, Салвадор Аљенде, 29 Ноември, Бихаќка, Владимир Комаров, Руди Чајавец, Жарко Зрењанин, Драчевска, Ратко Митровиќ и други, кои исто така беа заменети со нови имиња. Улици добија Блаже Коневски, Славко Јаневски, Горан Стефановски, Саша Николовски-Ѓумар, Нико Нестор, Гане Тодоровски, Атина Бојаџи, Кензо Танге и други.

„Најголем дел од предлозите за нови имиња на улиците се предлози со кои ќе се именуваат краците на улиците Тодор Чангов, Ѓорѓи Капчев, Христо Татарчев, Бутелска, Скупи, Јуриј Гагарин, Козле, Алексо Демниевски и други. Речиси четвртина од предлозите за нови имиња се предлози со кои ќе се заменат имињата кои претходно биле нумерирани со број“, рекоа тогаш од кабинетот на Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…