Арсовска: ВМРО-ДПМНЕ блокира нови проекти за скопјани – Мицкоски навреме да им дава инструкции на советниците

t

Срамно и неодговорно е однесувањето на претседателот на Советот, Трајко Славески кој своеволно ја одложи седницата на Советот на Град Скопје на која требаше да се гласа за проекти кои се од клучно значење за скопјани, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, откако претседавачот со Советот на Градот денеска ја прекина седницата без никакво објаснување.

– Наместо да се разговара за капитални проекти, Славески ја прекина и одложи седницата на која требаше да се најдат неколку круцијални инфраструктурни проекти, проекти кои значително ќе го подобрат животниот стандард на граѓаните на Скопје во неколку населби ширум градот.

Славески веројатно чекајки инструкции од својот партиски шеф денес го блокираше рамномерниот равој на градот кој самиот го промовираше шетајќи од врата до врата со програмата „За Модерно Скопје“.

ВМРО-ДПМНЕ денес ја попречи реконструкцијата на улицата Калош Дани која е руинирана, а по која секојденво транзитираат илјадници жители на населбата Момин Поток.

Славески и ВМРО-ДПМНЕ ги оштетија и карпошани со блокадата на работата на Советот имајќи во предвид дека денес требаше советниците да гласаат за изградба на две новопланираните улици 1 и 4 и изградбата на мега парк во општина Карпош.

Чучер Сандево кое повеќе од 30 години е заборавено од сите градски администрации нема да добие реконструирана водоводната и нова фекална мрежа и реконструкција на улици во местата Кучевишка Бара и Бел Камен само поради личните хирови на Славевски.

Апелираме до Мицкоски навреме да им ги каже инструкциите на своите советници кои очигледно без негов амин не знаат како да гласаат кога станува збор за клучни инфраструктурни проекти во градот. На овој начин граѓаните барем ќе бидат свесни и ќе знаат кој работи во нивен интерес, а кој исклучиво гледајќи го тесно-партискиот и личниот бизнис интерес. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…