Арсовска: Во тек е процес на ветинг во Град Скопје
Од самиот почеток на мојот мандат почна процесот на ветинг, со цел градската администрација и јавните претпријатија да поминат низ една постапка, во која ќе имаме можност да вршиме поголема контрола во делот на превенција на коруптивното однесување, вели во интервју за МИА градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.
Според неа, еден од најдобрите начини за справување со корупцијата е трансформирањето во делот на дигитализацијата и сведување на минимум на човечкиот фактор во одлучувањето за клучните процеси за граѓаните.
Во целиот склоп на политичко-урбанистички турбуленции, економско-енергетската криза, заканите и тврдењата дека нема да може да го издржи мандатот до крај, таа вели дека нема да се откаже и дека ќе издржи поради принципите во кои лично верува.
Од проектите коишто се во тек, градоначалничката како посебно значајно го наведе обезбедувањето на функционален, ефикасен и еколошки јавен превоз, а заедно со тоа и активности насочени кон системско решавање на проблемите поврзани со загадувањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…