Арсовска: Вработените во ЈСП ја заслужуваат декемвриската плата, расчистено е со лицата кои не одеа на работа!

t

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, ги поддржа вработените од ЈСП кои ги оставија автобусите и претпријатието и излегоа на протест да бараат плата. Според неа, тезите на советниците дека има партиски вработувања се неточни, а ниту тезите дека ЈСП не е транспарентно како ги троши парите. Таа ги повика советниците да ги изгласаат советниците за да вработените во ЈСП земат плата.

„Како што можевте да видите во изминатите денови, од синдикатите на ЈСП имаше реакции, дека со неизгласување на одлуката за доделување на субвенции за ЈСП, средства кои се веќе одобрени и изгласани во буџетот, тие истите се тука со нас и јас им давам поддршка. Тие својата плата ја имаат одработено. Тие работат макотрпно, би сакала да поразговараме за тезите – зошто како советници не сте гласале за одлуката. Првото е транспарентноста и како се трошат парите од ЈСП – на кратко образложи директорот. Управниот и надзорниот одбор го излгасавте вие. Дека целосно и детално сте информирани е видно од извештаите за резултатите кои сте ги добиле“, рече Арсовска.

За обвинувањата за превработеност, Арсовска посочува дека тоа не е точно.

„За илустрација, во 2022 година, има намалување од 150 вработени од претходната година, а во 2023 година има намалување за 300 вработени. Вработувањата не се зголемени“, додаде Арсовска.

Според неа, расчистени се тие кои не оделе на работа и нема никакви вработувања. Посочува и дека ваква криза може да има и во другите јавни претпријатија.

„Некој тука сака да креира ваква слика и во другите претпријатија, кои средства не се гласаат и за таа криза, одговорноста ќе ја носите вие на грб“, посочи Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…

Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…

Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…

Србија наскоро би можела да добие претседател…

Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…

Врховниот суд на Канада го остави во…

Со нож ја ограбил среде кафуле во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…

Американската армија онеспособила брод што се обидел…

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…