Арсовска: Ги ревидираме сите барања за сечење на дрва, секаде каде ќе се отстрани дрво ќе насадиме ново

t

Во гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека ќе се ревидираат сите барања за сечење дрва и наместо тоа секаде кадешто ќе се отстрани дрво, ќе биде посадено друго.

На новинарско прашање дали откако таа е Градоначалничка без дозвола и објаснување не смеат да се сечат дрва, таа одговори:

“Да.

И нема да се сечат дрва, еве кажувам искрено, ние сите оние решенија коишто беа издадени ги ревидираме едно по едно, затоа што голем број налози биле издадени од една или од друга причина.

Сега се сечат дрва кои се стари и претставуваат закана за граѓаните и по нивна пријава се реагира, се дава налог преку соодветното јавно претпријатие да се реагира.

Секаде кадешто ќе се исече дрво граѓаните треба да знаат дека на истата локација ќе се засади ново дрво.”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…