Арсовска го зазеленува Скопје! Засадени 724.480 садници, 38.539 м2 нови зелени површини, Мега Парк во Ѓорче Петров!

t

Подигање на ново зеленило и хортикултурно уредување на јавни површини со вкупно нов сезонски насад, листопадни, зимзелени дрвја и садници 724.480, 38.539 м2 нови зелени површини и прв нов Мега Парк “Даме Груев” во општина Ѓорче Петров од над 30.000 м2  се само дел од реализираните проекти на ЈП “Паркови и Зеленило” кои денеска ги објави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

🟢 Зелен плоштад на ул. 16 Македонска бригада спроти СУГС Панче Арсовски во Општина Гази Баба.

🟢 Зелен плоштад на Бул. Војвода Васил Чакаларов во Општина Ѓорче Петров.

🟢 Зелен плоштад на Бул. Македонска војска во Општина Ѓорче Петров.

🟢 Зелен плоштад на аголот помеѓу ул. Есенинова и ул. Жил Верн во Општина Кисела Вода.

🟢 Зелен плоштад на аголот кај ул. Бутелска и ул. Призренска Општина Бутел.

🟢 Зелен плоштад на кеј Димитар Влахов во Општина Центар.

🟩 Зелен коридор на ул. Лазар Личеновски во близина на Царинска управа на РСМ и ЈП Водовод и канализација од страната на кеј на река Вардар во Општина Центар.

🟩 Зелен коридор на ул. Бутелска фаза 1 и 2 во Општина Бутел.

🟩 Зелен коридор на бул.АСНОМ на потег од хотел Русија до мост Генерал Михајло Апостолски Општина Аеродром.

🟩 Зелен коридор на бул.Македонија во Општина Центар

🌳 Хортикултурно уредување на јавна површина бул. АСНОМ на потег од ул. Беласица до ЈП Комунална хигиена на среден, лев и десен коридор во Општина Гази Баба.

🌳 Хортикултурно уредување на јавна површина на аголот помеѓу бул.Партизански одреди и ул.Манапо во Општина Карпош.

🌳 Хортикултурно уредување на јавна површина на бул. Србија потег од ул. Христо Татарчев до бул. Борис Трајковски на средна жардињера и десен коридор Општина Кисела Вода

🌳 Хортикултурно уредување реконструкција на 20 жардињери на булевар Илинден Општина Центар

🌳 Хортикултурно уредување нови садници на ул. Адем Демачи, Паркот во Чаир, Бул. Словенија, Бул. Џон Кенеди и Бул. Втора македонска бригада – кај поликлиника Чаир

🌳 Мега парк Даме Груев во Општина Ѓорче Петров. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ЛИНК од објавата

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…

Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…

(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…

Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…

По пет години пауза, од 1 април…

Македонските патници од 1 април 2027 година…

Авион што летал од Германија за Турција…

Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…