Арсовска го одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром заедно со СУ „Лазар Танев“ и дневниот центар „Доза среќа”
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска заедно со учениците од средното училиште „Лазар Танев“ и лица од дневниот центар за деца и лица со Даунов синдром „Доза среќа” го одбележа Светскиот ден на лицата со Даунов синдром.

– Денеска во средното училиште „Лазар Танев“ го одбележавме Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, со нашите пријатели од дневниот центар за деца и лица со Даунов синдром „Доза среќа” Скопје, со работилница за изработување на слатки во рамки на хуманитарниот Саем на слатки кој го организиравме заедно со нашето скопско средно училиште.



Саемот беше одлична можност да се видат слатките производи кои ги изработија креативните, посветени и вредни ученици од нашето средно училиште „Лазар Танев“, поддржани од наставниот кадар од училиштето, претставници од приватниот сектор и универзитетски професори, кои придонесоа за успешната реализација на денешниот настан. – напиша Арсовска на Фејсбук.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…