Арсовска гради мега-парк од 30.000 метри квадратни во Чаир: Ново зеленило, спортски објекти, простор за рекреација
Започнува изградбата на новиот мега-парк во Чаир на површина од 30.000, објави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
– Започнува изградбата на нов мега-парк во соработка меѓу Град Скопје и општина Чаир, кој се протега на просторот на ул.Македонско Косовска Бригада од крстосницата со Втора Македонска бригада до крстосницата со Џон Кенеди.
Мега-паркот ќе се простира на површина од 30.000 метри квадратни, а ќе има 500 нови дрвја и садници, нова хидрантска мрежа и тревник.
Со 2 нови спортски игралишта, нови 2 детски игралишта, 2 паркови површини за миленици, еден фитнес дел, 26 нови летниковци, нови урбана опрема, пешачки патеки и фонтани, на овој простор како место со дополнителни содржини граѓаните ќе можат да се рекреираат и квалитетно да го минуваат своето секојдневие, напиша Арсовска на Фејсбук.




Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, денеска ѝ се заблагодари на градоналачничката Арсовска за соработката и обезбедените финансиски средства за исградба на мега-паркот.
Денеска сме тука бидејќи од утре официјално почнуваме со изградба на мега-паркот што го најави нашата градоначалничка, но и ги помина сите процедури, што значи од утре можеме да почнеме со изградба на мега-паркот.
– Овој проект опфаќа 30.000 метри квадратни нови и реконструирани зелени површини, од тие 20.000 метри квадратни се зеленило, а со другите се опфатени две спортски игралишта, две сали за домашни миленици, една фитнес-зона и 26 летниковци кои ќе бидат во служба на нашите сограѓани. Навистина овој проект го реализираме заедно, но финансискиот дел го покрива Град Скопје.
Јас навистина би сакал да ѝ се заблагодарам на градоначалничката, навистина му недостасуваше на Топанско Поле вакво нешто иако одвреме-навреме сме реконструирале зелени површини, но овој опфат сега е поголем.
Според информациите од директорите на претпријатијата со кои комуницираме, времетраењето на изградбата ќе биде од три до четири месеци, што значи дека ќе можеме официјално да го пуштиме во употреба потоа, истакна Ганиу.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меџити: Чаир е само шеста општина во…
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на…
СДСМ: Во Чаир законите не важат
Изјава, на Кети Штерјова-Советничката од СДСМ во…
Опожарени три возила во Чаир
На 25.06.2026 околу 02:20 часот во СВР…
Арсовска прашува: Каде е обвинението против Ганиу…
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска,…
ДУИ: Компанија основана во 2024 година добила…
Соопштение на ДУИ: Корупцијата во Чаир станува…