Арсовска: Да не се пласираат невистини од советничката говорница – Од каде му се на Андоновски детални информации за ЈСП?!
Единствена работа со која можам да се сложам е дека бил десеткуван бројот на автобуси, во овој мандат започна да се вози со 140 автобуси сега се вози со 270 автобуси, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната седница на Градот Скопје.
Арсовска посочи дека некој се обидува да создаде хаос во градот и дека советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски пласира невистини од советничката говорница и изнесува податоци кои не се знае од каде ги набавил.
– Доколку некој се обидува да се направи, хаос, а вие политички тоа го поддржавте, не знам како може да зборувате за јавен интерес.
На претходната седница делевте амандмани лично, наместо службите на Градот Скопје, а ние не добивме амандмани. Сега излегувате со податоци кои ги нема ниту ЈСП.
Излезе дека сега вие знаете детални информации за ЈСП, од каде ги имате вие тие податоци?
Овој директор тука не долгува, претходниот кој бил ваш член не знам дали долгувал.
Ама да излегувате тука со информации кои ги нема во ЈСП, од каде ги дознавте? Од средби со граѓани?
Вие повеќе знаете за приватните џебови на некој одошто гледам дека знаете за ЈСП. Сметам дека неумесно е да ја користите оваа огворница за да пласирате тези кои се апсолутно неточни и овој хаос кој го создавате и го подгревате сега тука, покажува што граѓаните добиле од вас, рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…
Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…
„Од почетокот на март следната година, ќе…
Зоолошката градина во Скопје слави 100 години…
По повод големиот јубилеј, 100 години од…
(Видео) Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во…
На социјалните мрежи денеска се појавија видеа…
(ФОТО) Скопјанец ја исфрли цела дневна на…
Инспекторите на Град Скопје синоќа затекнале граѓанин…