Арсовска: Денес ако попуштиме пред заканите утре секој ќе си дозволи да блокира!

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во денешното гостување во Топ Тема на ТВ Телма, уште еднаш нагласи дека некој се обидува да направи привиден хаос во градот.

– За едното здружение, согласно членот 29 од договорот е дека не обезбедуваше превоз на линиите во својот договорен обем.

Прво треба да ги погледнеме кои се причините зошто го прават тоа, несомнено е дека сакаат да направат привидна хаос. Договорите се раскинати не по наша вина туку поради непочитување на договорите.

Ние понудивме сите кои имале склучени договори, а сакаат да работат чесно преку нов јавен повик да можат да аплицираат и директно да работат. Ова што го видовме со овие здруженија е далеку од тоа. Сметам дека институциите ќе докажат што се случувало во изминатите пет години. Нормално е дека некој ќе негодува, но јас кажав практичен пример.

Вчера советници штитеа приватен наместо јавен интерес. Општина Бутел му должи на ЈСП, цивилизиран начин е доколку енкој должи да тужи и пред суд да докаже, доколку се одкаже ќе си го побарувате тужбеното барање да ви биде исплатено.

Што требаше ЈСП да направи, да прекине да вози?

Таа колатерална штета која е предизвикана има име и презиме, а тоа не е Град Скопје. На закани и на уцени нема да се подлегне. ЈСП им има исплатено до моментот додека не настана оваа ситуација отприлика 156 милиони долари, заклучно до последниот месец. Тие се тековни работи кои се исплаќаат.

Не можете вие да правите вакви работи, зошто досега ако имале побарување не испратиле опомена пред тужба или тужба? Дали тоа не е индиција за нешто?

Отпочната е сериозна истрага, ревизија, бидејќи сме детектирале дека има состојби кои не соодветствуваат со тие што се на терен. Тоа е буџет на граѓаните и ние тоа ќе го тераме до крај, нагласи Арсовска.

Денеска ако се попушти пред закани или уцени секој еден надвор утре ќе смета дека може да земе нешто што не му следува, истакна Арсовска!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто

Цените на становите во Скопје во првиот…

Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор…

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда”…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…

Таткото на исчезнатиот Самоил: Се сомневаме дека…

Помина година дена од исчезнувањето на Самоил…