Арсовска до Тошковски: Докажете дека сме држава, не само територија!
Градоначалничката Данела Арсовска во гостување во „Слободен печат“ зборуваше за нападот во Чаир и истакна дека да може да го врати времето повторно исто би постапила.
Арсовска вели дека причината зошто не го потпишала записникот во полиција е што полицијата во записникот внела невистинити работи зад кои таа не стои и следствено не го става својот потпис.
Арсовска го демантираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека не ги пријавувала нападите врз неа. Додаде дека по завршувањето на мандатот планира да се бави со зборување на темата дивоградби и криминал, но не во политиката туку на друг начин – зашто како што рече „кај нас се разнишани темелите на владеењето на правото“.
-Да се чувствувам загрозена. Мило ми е што после три ипол години АНБ направи проценка да ми додели некој што постојано ќе биде до мене и ќе се обиде да ме заштити. Но единствената моја заштита е вистината и да се поведе постапка против оној против кого ги носам овие непобитни докази и истражени институционални документи. Тоа треба да се случи за да докажеме дека имаме држава, дека не сме територија во која припадност на политичка опција те прави да си заштитен а неприпадност на политичка опција те прави да си граѓанин од втор ред, рече Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АРСОВСКА ГО ВРАТИ ЌОСЕТО:Ова е уште еден…
Споменикот од пред комплексот судови го отстрани…
Не помина интерпелацијата на Тошковски
Попладнево во Собранието пратениците дебатираа за интерпелација…
РОДИТЕЛИТЕ НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ОЧИ МУ КАЖАА…
Родителите на загинатите му кажаа на Тошковски…
Продолжува судењето за убиството на Вања и…
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето…
Петровска: Внатрешната контрола во МВР нарачана од…
„Овој случај не беше одолговлекуван, ниту се…