Арсовска: Загадувачи на Скопје се дивите депонии и оние кои одбиваат да инвестираат во филтри

t

Опструкциите од Советот на Град Скопје не престануваат во однос на набавка на нови автобуси за граѓаните. Мнозинството кое е предводено од ВМРО-ДПМНЕ едноставно не ги гласаат одлуките иако претходно одлуки кои се однесуваат на ова под градоначалникот Петре Шилегов беа изгласани, вели градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска во СТУДИО 10 на ТВ 24.

– Што се однесува до платите за ЈСП, тие се исплаќаат навремено. И не може некој да излезе на 15 во месецот и да рече нема да се вози. За тоа кривично ќе одговара оној кој најави дека Скопје ќе го остави без јавен превоз. Тоа е јавен интерес и ќе поднесеме кривични пријави оти јавноста беше вознемирена, – вели Арсовска.

Арсовска вели дека истата приказна е и со лажната вест дека цело Скопје ќе нема вода.

– Тоа се политички калкуланти кои се подготвени да жртвуваат судбини на луѓе само за да си освојат поени за себе, – вели Арсовска.

Што се однесува до т.н. екоцид во Ѓорче Петров, Арсовска вели дека е утврдено дека бил складиран отпад кој загадувал. Станува збор за локација, нива во прва зона бунарско подрачје кај Лепенец, каде ставил рампа и пропушта секој ден камиони кои носат канцероген отпад што ја загадува и почвата и водата, објаснува Арсовска и најави кривични пријави.

– Ова мора да престане. Еден ако биде осуден, ќе имаат страв другите да го прават истото. Сите сакаат да живеат како на Запад, ама секој сака да сврти телефон и да фати врски, вели Арсовска.

Арсовска вели дека кривична пријава е покрената и против УСЈЕ оти таму се загадува 24 часа, 365 дена годишно и тоа е потврдено од независна експерска акредитирана комисија. Мерењата се направени во координација со Министерството за животна средина, а решение за загадувањето има – компанијата треба да си набави филтри.

– Загадувачи на Скопје се дивите депонии и оние кои одбиваат да инвестираат во филтри, – децидна е Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…