Арсовска заедно со директорот на ЈП Водовод и Канализација Скопје направија увид на целокупната водоводна мрежа во парк шумата Гази Баба
Денес заедно со директорот на ЈП Водовод и Канализација Скопје направивме увид во завршните работи на реконструкцијата на целокупната водоводна мрежа во парк шумата Гази Баба.
Инвестицијата за реконострукцијата за овој проект кој е од исклучително значење за жителите на Гази Баба е инвестиција од сопствени средства на ЈП Водовод и Канализација Скопје, во висина од 14 милиони денари.
Со реализација на овој проект се осигурува постојано, непречено и квалитетно водоснабдување без загуби во мрежата на поголем дел на територија на општина Гази Баба, при што целосно е променет и цевководот.
Со завршување на оваа фаза, се изведе дислокација на водоводната мрежа по нова патека во должина од 500 метри и се изврши поврзување со постоечкиот цевковод на улица Тајмишка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…