Арсовска: Закани не ме плашат, коалиција имам единствено со граѓаните!

t

Не треба мене да ме поддржуваат туку програмата која граѓаните ја гласале на избори.

Оваа програма е и на оние кои ја гласале и на оние кои не ја гласале. Сите проекти се проекти на скопјани и треба сите советници да имаат совесност да знаат дека треба да исполнат и испорачаат за граѓаните, истакна во денешното гостување во ТВ Телма, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска коментирајќи го однесувањето на советниците во Советот на Градот.

– Ако не го поддржат Буџетот, тие ќе одат на избори за Совет на градот, по примерот на Тетово. Ќе можат да си дојдат соодветно советници кои ќе можат да работат за доброто на граѓаните. Таму има луѓе со искуство и знаат дека некој од нив би понел таков товар. Сметам дека има одговорни луѓе таму од сите политички опции.

Знам дека на партиите не им одговара кога поединец се бори со се она што се случувало досега, истакна Арсовска.

Сметам дека не е нормално да се држат луѓе на позиции само затоа што не е привлечно во јавноста да се каже дека некој згрешил, додаде градоначалничката.

– Имаше некои личности кои рекоа дека немало да го завршам мојот мандат не поради оставка туку затоа што не знаеле што носи утрешниот ден. Јас тоа го сметам за отворена закана ама такви закани не ме плашат. Единствената коалиција која ја имам е таа со граѓаните, времето на овие политичари кои се овде 30 години завршува, дојде време да се работи за граѓаните, заврши Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…

За скопските општини денеска е неработен ден…

За скопските општини денеска е неработен ден…