Арсовска за вработувањата на Перински: Јас кажав безпоштедно луѓе кои што не одат на работа, а земаат плата нема да толерирам!
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување во телевизија 24 говореше за прекинот на договорите на 100-тина вработени во ЈП Водовод.
Таа потенцираше дека безпоштедно луѓе кои што не одат на работа, а земаат плата нема да толерира бидејќи истите го оптоваруваат буџетот на градот непотребно и парите кои се даваат за плати можат да бидат искористени за проекти во интерес на сите скопјани.
-Проблем е кога некој мисли дека тоа што како градоначалник му е дадено како обврска како одговорност му е дадено за секогаш. Јас повторно повторувам тоа што го кажав, тие се ставени токму како вршители на должност за да докажат и покажат дали како, колку и што можат. Еве дури ќе видите во последните два дена има една фама голема, излегуваат гледам и одредени луѓе да негодуваат зошто би имало прекини на договори каде што некој се дрзнал да вработи над 100 луѓе за неколку месеци. И сега никој не прашува како упеал врз осова на кои критериуми да внесе во една институција која наводно кажува дека не стои добро финансиски има проблеми и дека е криза. Имаме проблеми со електричната енергија и со зголемени трошоци, но да се вработат од еднаш 100 луѓе не знаеме по кои критериуми и како се обезбедиле, никој не кажува туку кажува зошто на тие луѓе им се прекинуваат договорите. Јас кажав безпоштедно, луѓе кои што не одат на работа, а земаат плата, луѓе кои што одат на работа и не си ја работат работата добро, одговорно и чесно, а зимаат плата дека не смее да им се дава шанса да го оштетуваат буџетот и да земаат средства од парите на граѓаните. Затоа што ние ќе најдеме на кој начин поквалитетно тие средства да се употребат за проекти кои ќе бидат значајни за граѓаните, вели Арсовска.
Арсовска открива дека побарала ревизија на работата на сите јавни претпријатија, ревизија со која се барале конкретни бројќи колку лица се нововработени во јавните претпријатија и колку од нив земаат плата, а не се појавуваат на работа.
Единствена која истапила и одговорила на ревизијата била директорката на Комуналното претпријатие, Косана Мазнева која избрка над 30 рамковно вработени, луѓе кои земале плата, а не оделе на работа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПОЖАР ВО СЕДИШТЕТО НА ЦИА: Пожарникари интервенирале…
Пожар избувнал во седиштето на американската Централна…
САД предупредуваат дека украинските напади длабоко на…
Пентагон денеска ги замоли западните земји кои…
КИБЕРНАПАД ВРЗ НАЈГОЛЕМИОТ СНАБДУВАЧ СО ПРИРОДЕН ГАС…
Норвешкиот енергетски гигант „Еквинор“ (Equinor), најголемиот снабдувач…
ПОРАНЕШНИОТ БУГАРСКИ ЦАР СО ПОРАКА ПО СРЕДБАТА…
Поранешниот бугарски цар и експремиер Симеон Сакскобурготски…
НЕОЧЕКУВАН ПОВИК ВО ИЗРАЕЛСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Нетанјаху итно…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, според информации што…