Арсовска со порака за Денот на независноста: Тоа силно чувство за сопствената држава да го пренесеме на новите генерации

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го честита 8 Септември-Денот на независноста на Македонија.

– По вековни борби за самостојност македонските граѓани на 8 Септември 1991 година, решително го остварија вековниот сон на нашите предци за слободна, независна и суверена Република Македонија.

Во изминатите години славејќи и радувајќи се на независноста, поминавме низ бројни искушенија и останавме доследни на нашите заложби Македонија да се гради како силна демократска држава. Тоа силно чувство за сопствената држава, да го пренесеме на новите генерации, да продолжиме да ја градиме Македонија со заложби и реформи за економски силна, развиена и успешна држава.

Да ја негуваме вековната традиција на соживот, со почит на различностите, солидарност и единство токму во моментите кога се соочуваме со најголеми предизвици на нашето време.

🇲🇰 Нека ни е честит 8 Септември, Денот на независноста на Македонија!, напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…