Арсовска: За само три месеци остваривме повеќе од планираното, a веќе почнуваме и со системско решавање на проблемите

t

Данела Арсовска, градоначалничка на град Скопје, во гостувањето во емисијата Економски магазин на ТВ Алсат, зборувајќи ветувањата во преизборната кампања, истакна дека сѐ она што било планирано за првите 82 дена е остварено, а веќе се работи и на поголемите проекти.

„Не сме далеку од планот, само три месеци поминаа. Колку и да се обидува некој да створи некаква фама дека е возможно за три месеци да направите нешто кое некој не го завршил во изминативе 20 години, треба да бидеме малку реални и да погледнеме што е направено до сега, што е оставено како проект, и што е наследена состојба. Јас ќе кажам, ние не се жалиме. Она кое што го кажуваме е само соочување со состојбите и сакаме да знаат граѓаните во каква катастрофална состојба се оставени општините и градот Скопје. А проблемите почнуваме да ги решаваме“, нагласи Арсовска.

Таа откри дека немала целосен увид во состојбата на Град Сокпје пред изборите, со оглед на тоа дека нема многу достапни информации, а и долго време не е направена ревизија.

„Знаевме делумно, делумно не знаевме затоа што сега, откако влегуваме внатре ги гледаме ги ревидираме состојбите. Внимавајте, ревизија во градот Скопје повеќе од седум години не е направена. Она кое што е како јавно достапен податок ниту е целосен, ниту па може да се види во каква состојба е оставен градот. Сега во овој момент отпочнуваме со овие процеси, меѓутоа, повторно кажувам, ние не сме тука да се жалиме, тука сме да информираме во каква состојба се, не само општините под градот Скопје, туку и самиот град Скопје и отпочнуваме да ги решаваме проблемите. Затоа што градот Скопје, е тука, постои и е првиот контакт, практично локалната самоуправа како таква е првиот контакт со граѓаните. Таа е најблиска со граѓаните и постои за да ги решава нивните проблеми“, вели Арсовска.

Таа додаде дека не само што се остварени ветувањата за првите 82 дена, туку е направено имногу повеќе, а веќе се отпочнува и со системско решавање на проблемите со кое тие ќе се отстранат еднаш засекогаш.

„Отпочнуваме, отпочнавме, во овие три месеци реализиравме токму она и нешто повеќе од она коешто ветувме дека ќе направиме за 82 дена. А сега отпочнуваме со системско решавање на проблемите. Системско решавање значи дека еднаш кога ќе го решиме, нема да се повторува. Тоа до сега не било правено. Секогаш се зборува за реформи, реформите никогаш не се прават. Граѓаните имаат потреба од тоа, она што го имаат како проблем да биде решан. Решаваме децениски проблеми, како Уцијанскиот канал, кружниот тек на влезот во Скопје кај Сарај, улици, булевари, коишто до сега ги нема нити како проект како хартија направено. Не е оставено ништо. Вие за да можете да отпочнете проект за истиот си има процедура и таа процедура ќе се направи во најкраток можен рок. И нема да остане само како нешто кое седи н ахартија ниту ќе остане как некој што оставил 95% до својата програма нереализирана. Знам дека можат работите да се направаи и квалитетно и во интерес на граѓаните, меѓутоа верувам дека самите граѓани се свесни дека за 90 дена, не може да се реализира се она што некој за 20-30 години претходно не го направил. Особено имајќи во предвид деа сме влезени во локалната самоуправа без наследени проекти, особоено од овој тип што граѓаните го посакуваат“, изјави градоначалничката.

Во однос на обвинувањата дека јавноста нема увид во она што се работи, Арсовска посочи дека не е на функција за да се фотографира, туку за да работи и дека токму тоа и го прави. Таа откри дека и покрај затекнатата состојба и затечените проблеми, истите ќе бидат решени брзо и ефикасно.

„Ако не се фотографираме, ако не се сликаме секојдневно, не правиме секојдневни прес конференции, не значи дека не работиме, затоа што за овие работи најпрвин треба да биде добро испланирани. Ние сме имале иницијален план, меѓутоа треба во рамките на градската администрација да имаат соодветна подлога за да можат да се реализираат. Да бидат притоа квалитетно реализирани, да не бидеме заглавени во проекти кошто притоа кажувам, ќе ги разрешиме, меѓутоа некој не довел во ситуација да си објави тендер, да си ги подели парите, да си ги подели средствата, да склучи договори коишто сега не можат да бидат ревидирани или да бидат раскинувани, а проблемите ги оставиле. Стотици предмети на имотно правни спорови се оставени, да ние не можеме да продолжиме со она што веќе е отпочнато. И ние тоа сега го решаваме. И ќе го решиме брзо и ефикасно и граѓаните ќе го добијат она што го очекуваат. Не само што ги решаваме тугите проблему, туку отпочнуваме и со сето она што како проект сме го ветиле да го реализираме. Се консолидираат јавните претпријатија. Таму има навистина наследени ситуации од коишто фрапантни се бројките и ќе бидат информирани доследно граѓаните. И не се жалиме, ама сакаме да информираме, затоа што треба да знаат. И не би се согласила дека ништо не правиме, замислете, над 160 диви депонии се исчистени на територијата на град Скопје. Огромни диви депонии од илјадници илјадници метри квадратни површини коишто сега ќе бидат зелени површини, коишто сега ќе бидат мега паркови. Не може никој да каже дека сега ништо не се прави. Секој ден објавуваме, дури има и граѓани кои се организираат, земаат фрлаат ѓубриња по општините за да презентираат поиналква состојба, Извинете, луѓето го даваат својот максимум, и таа разлика ќе се види. Меѓутоа тоа што некој не го сторил во изминатите години и децении, дека некој може да го исправи за три месеци. не може. А видливи ќе бида резултатите, јас верувам дека во првите две години.
Доколку треба да се фотографираме, ќе изгубиме од времето за работа, и тоа не е проблем, јас колку што знам функцијата на градоначалникот е да овозможи најдобри можни услови за граѓаните. Над 1140 барања имаме пристигнати од граѓаните за овие два месеци откако е овозможена услугата на 24 часа, да можат да ги доставуваат своите предизвици и над 1000 од нив, што занчи нaд 85 % се веќе реализирани. Се решаваат проблемите на граѓаните. Првиот контакт со градот им е дека некој слуша, знае што се очекува од над и дека ние тие предизвици ги реѓаваме. Римови пуштивме низ целата територија со сите месни и урбани заедници со градоначалниците седиме ги гледаме барањата кои се нивни, директно пристапување кон решавање со конкретно рокови. Никогаш тоа не се правело до сега

Арсовска истакна дека и покрај заканите и притисоците со кои се соочува таа во ниту еден момент не помислила да се повлече, бидејќи смета дека може да го направи Град Скопје подобро место за живеење за сите граѓани.

„Граѓаните кога ќе видат суштински промени, ќе видат дека довербата што ми ја дадо на на изборите ќе биде оправдана, а не се повлекувам во ниту еден случај, ниту ме плашат тие коишто се обидуваат“, децидна е Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ДПМНЕ ја остави Универзална да се…

ДПМНЕ ја остави Универзална сала да се…

Становите во Скопје поскапеле за 4,7 отсто

Цените на становите во Скопје во првиот…

Уапсен скопјанец за изнудување пари, доби притвор…

Уапсен е сторител на кривично дело „изнуда”…

(Фото) Од далеку многу, далеку од многу:…

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ имало околу 25.000…

Британец починал на Клиника, бил донесен во…

Вчера вечер, во 19.12 часот во СВР…