Арсовска изврши увид во градежните работи: Бојане конечно добива водовод!

t

Денеска со градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети извршивме увид на отпочнување на градежните активности за реконструкција на водоводна мрежа во населено место Бојане во општина Сарај, соопшти градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Градежните активности на терен опфаќаат реконструкција на постојната водоводна мрежа, која има чести дефекти заради дотраеноста, како и заради незадоволителен профил и материјал на постојниот цевковод.

Со реализацијата на овој инфраструктурен проект се решава долгодишен проблем во овој дел од градот, а жителите на ова населено место добиваат поквалитетно водоснабдување и нови приклучоци. Се грижиме за сите граѓани подеднакво и инвестираме во обезбедување на квалитетни услови за живот во секоја општина и населено место во градот.

Градот Скопје континуирано работи на подобрување на водоснабдувањето согласно ветените проекти од програмата „За модерно Скопје“, каде што решавањето на проблемите со водоводната мрежа е еден од приоритетите. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Водовод“ со апел: Да не се троши…

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира…

Ја тепал сопругата за да му даде…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Парада на гордоста во Скопје на 21…

Шестата по ред Парада на гордоста ќе…

Град Скопје ги фати: Приватна фирма копала…

Инспекторатот на Град Скопје соопшти дека денеска…

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и…

Осумдесет и осумгодишна жена од Скопје пријавила…