Арсовска: Илинден е вечен потсетник на борбата за слобода на македонскиот народ!
Делегација од Град Скопје, предводена од градоначалничката Данела Арсовска, денеска положи свежо цвеќе по повод националниот празник Илинден.
-Непокорот и одлучноста за создавање независна држава ги водеа борците кои ги дадоа своите животи за Македонија.Одбележуваме 119 години од Илинденското востание и 78 години од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ на кое се поставени темелите на Македонија, во Скопје пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот Македонија, споменикот на АСНОМ и споменикот на Никола Карев, како одраз на почит и вечен спомен. Илинден е вечен потсетник на борбата за слобода на македонскиот народ и на тоа како се поставија темелите на македонската државност, порача Арсовска во честитката.
Вели, овие два настани се потсетник за борбата и заложбите за независна, слободна и суверена Македонија, на аманетот дека треба да градиме иднина за Македонија во која соживотот, солидарноста, демократијата и просперитетот на граѓаните се императив.
Нека ни е честит и вековит денот на Републиката, истакна Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…