Арсовска: И покрај блокадата од Советот реализирани се околу 150 проекти, половина од програмата “За Модерно Скопје”

t

Одговорноста заевентуалната нереализација на проектите од програмата е исклучиво на одговорност на советниците во Советот на Град Скопје, истакна во денешното гостување во Канал 5 телевизија градоначалничката , Данела Арсовска.

-Јас да ја имав поддршката од Советот досега ќе беше реализирана програмата. На пример набавка на нови еколошки автобуси на ЈСП, не само што не гласаат сега има и преседан да не ја става претседателот на советот на дневен ред. Им беше понудено сами да ги изберат банката, условите за кредитот, условите за набавката. Авотбусите треба да бидат со соодветни еколошки стандарди, треба да се има автобуси кои ќе имаат помали трошоци за одржување и нивната потрошувачка да не биде преголема, има разлика меѓу ново и старо возило. Автобусите ќе бидат брзи, сигурни, безбедни, со клима уреди, да имаат граѓаните комфорно патување дури и тие кои не користат јавен превоз, да почнат да користат. За тоа се потребни 250 автобуси, БРТ има триесетина автобуси во една и во друга фаза. Ние имаме град кој постојано расте, неофицијално над 900.000 граѓани жиеват тука и за нив треба да се реализираи работи не да има политиканство и препукување.

Ниту еден проект кој е отпочнат од претходното раководство нема да се прекине, но сите проекти 5-6 се затекнати со огромни проблеми, БРТ е еден од нив со сериозни проблеми, но сме во завршна фаза, Васко Каранѓелески, Есенинова која беше со утнат проект и слично. Не постои проект кој е преземен, а да нема сериозни проблеми, вели Арсосвска.

И покрај блокадата од Советот реализирани се околу 150 од вкупно 300 проекти од програмата “За Модерно Скопје”, мојот претходник реализираше вкушно 50, додаде Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…