Арсовска и стотина средношколци денеска садеа чемпреси во парк шумата Гази Баба
По повод одбележување на 21 Март – Меѓународниот ден на шумите, Град Скопје во соработка со скопското јавно претпријатие „Паркови и зеленило“ и градските средни училишта организира голема еко акција за пошумување на парк шумата Гази Баба. Во рамките на оваа еко акција, Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска заедно со 100 ученици засадија над 100 чемпреси во парк шумата Гази Баба.

– Заедно со средношколците го одбележуваме Меѓународниот ден на шумите со акција за садење нови дрвја за зголемување на шумскиот фонд во нашето Скопје. Зелените површини, зелените коридори и парковите играат голема улога во зачувување на здравјето на луѓето, а истовремено ја подигнуваме свесноста за важноста на животната средина и одговорниот однос кон неа без нејзино загадување и уништување. Истовремено, Град Скопје продолжува со реализацијата на бројни активности за садење дрвја и садници на повеќе локации низ Скопје – изјави Арсовска.
Во големата еко акција за пошумување учествуваат 100 средношколци од средните училишта на Град Скопје „Боро Петрушевски“, „8-ми Септември“, „Михајло Пупин“ и „Панче Арсовски“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…
) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…