Арсовска: Креираме трајни решенија за долгогодишните проблеми – се поставуваат нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации во Чаир
Градоначалничката на Град Скопје денес, заедно со директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски, излегоа на терен за да ги разгледаат можностите за поставување на монтажни катни гаражи. МОнтажни паркиралишта ќе бидат поставени на неколку локации со што ќе се обезбеди дополнителен простор за паркирање кој ќе ги реши долгогодишните проблеми со недостиг на паркин места.
„Денес со директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски на терен ги утврдивме можностите за отпочнување со нови монтажни катни паркиралишта на неколку локации од кои една до ТЦ „Чаирчанка”, на улицата Цветан Димов, во општина Чаир, простор на кој се планира да се изгради монтажно паркиралиште за да се зголеми бројот на паркинг места во овој дел на градот. Со изградбата и дополнително овозможување на простор за нови паркинг места се отпочнува со креирање решенија за долгогодишните проблеми со недостатокот на паркинг во овој дел од градот.“, соопшти градоначалничката Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…