Арсовска: Медиуми објавуваат лажни и малициозни вести и политички нарачки, а немаат храброст да објават демант

t

Овој демант, може да се смета за навремено барање за повлекување на веста и извинување, во спротивно, доколку во законскиот рок од 48 часа порталот „Нетпрес“ не ја повлече веста и не се извини во обем и на начин на кој што е објавена лажната вест, ќе покренеме соодветна тужба пред надлежниот Суд во Скопје.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на Фејсбук објави демант за лажни вести објавени во одредени медиуми и најави тужба пред надлежниот суд доколку не добие извинување од страна на медиумот.

Во продолжение ја пренесуваме објавата на Арсовска во целост:

– Длабоката политичка поделеност, партиските интереси и личното богатење за жал станаа примарна премиса на нашето општество.

Ретки се примерите на објективност, примерите на вистински медиуми чија примарна идеја и задача е објавувањето на точните и проверени информации, со цел навремено и вистинито информирање на граѓаните.

Дел од медиумите, за жал, по се изгледа најревносно ја имаат прифатено оваа нова премиса на водење на политички агенди, пред професионалното, етичко и вистинито известување.

Поделбата е најизразена токму кај оние кои имаат обврска да бидат непристрасни и објективни.

Веќе некое време градот Скопје и јас како градоначалник се соочуваме со медиумска блокада, но и медиумска хајка со лажни и малициозни вести.

Од 450 завршени проекти за кои сите медиуми редовно се информирани, а и тука на мојот ФБ профил можат да се информираат, до сега ретко кој се осмелува да ги пренесе.

Знам дека политичката елита корумпира на секое ниво и по секој основ. Сепак медиумите отсекогаш сум ги перцепирала како имуни на ваквите појави, иако за дел од нив за жал спротивното се докажува секој ден.

Во прилог е демантот и јавното барање за извинување на лажната вест која беше објавена на неколку т.н. медиуми, а дисеминирана примарно од порталот „Нетпрес“.

Бидејќи ниту еден медиум НЕМА ХРАБРОСТ да го објави овој демант за лажната вест со која се води хајка цел ден, затоа истиот го објавувам тука:

……Лажните и малициозни вести, лиферувани од лица и медиуми кои немаат основно чувство за професионалност ниту пак се придржуваат кон основните етички и морални нормативи на еснафот се рак на македонското општество со децении.

Таков е и примерот со т.н. медиум, порталот „Нетпрес“ кој во континуитет шири лажни вести во врска со Јавното Сообраќајно претпријатие, со единствена цел – исполнување на нарачана политичка агенда, наспроти професионалната обврска на медиумот за навремено, точно и проверено информирање на јавноста.

Со лажни вести, нарачателите на ваквите текстови треба да знаат дека ниту ќе ја исполнат својата политичка агенда, туку напротив, ваквите лаги ќе им се вратат како бумеранг.

Спротивно на тврдењето во текстот на т.н. медиум, порталот „Нетпрес“ дека не добиле одговор од градот Скопје во врска со тужбени побарувања од страна на приватниот превозник „Слобода Превоз“, од т.н. медиум побарале одговор непосредно пред да го објавуват спорниот текст со што постапиле целосно непрофесионално и спротивно на начелото на добивање на одговор во разумен рок и не овозможиле јавноста да ги добие фактите од страна на градот.

Дополнително, целосно е лажно тврдењето дека градот Скопје ќе треба да исплаќа казнени камати во врска со спорот кој го водеше против „Слобода Превоз“ пред надлежниот суд.

Вистината е дека приватниот превозник „Слобода Превоз“ ги изгуби СИТЕ тужби против Град Скопје, а во постапка пред Апелациониот суд, сами ја повлекоа тужбата.

Дополнително да биде вистината целосна, надлежниот Суд во Скопје го отфрли тврдењето на „Слобода Превоз“ дека договорот им е незаконски раскинат и не дозволи продолжување на истиот.

Постои тужба против ЈСП од „Слобода Превоз“, при што не е констатиран никаков долг, ниту било какво друго побарување, а постапката сеуште не е завршена.

Овој демант, може да се смета за навремено барање за повлекување на веста и извинување, во спротивно, доколку во законскиот рок од 48 часа порталот „Нетпрес“ не ја повлече веста и не се извини во обем и на начин на кој што е објавена лажната вест, ќе покренеме соодветна тужба пред надлежниот Суд во Скопје. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…

Во Скопје се апсеа дилери, уапсени и…

Во текот на вчерашниот ден во Скопје…