Арсовска: Мицкоски несреќо, за ѓубрето низ Скопје е одговорна твојата криминална структура во Комунална хигиена
*Фејсбук објава на Данела Арсовска
Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?
Те велича Орце Самка Ѓорѓиевски дека си господ и си почнал да веруваш дека си семоќен? Политички прогон сакаш да правиш несреќо.
За ѓубрето низ Скопје е одговорна ТВОЈАТА криминална структура во Комунална хигиена на чело со Јулијана Спировска која е претседател на Управниот одбор (земи читај допис ако имаш време меѓу заканите и правење бизнис)
За ѓубрето низ Скопје се одговорни ТВОИТЕ градоначалници кои сред избори повикаа граѓаните да фрлаат кабаст отпад, а немаат ни ресурси ни механизација да го собираат истото, па тоа ѓубре се мачат да го собираат вработените од КХС кои веќе се на крај на силите.
За ѓубрето низ Скопје е одговорно ТВОЕТО министерство за здравство, кое МИЛИОНИ му должи на Комунална хигиена. Нив ќе им влезеш ли со полиција несреќо?
По корумпирана и по плитка власт од ТВОЈАВА не постоела, ни ќе постои некогаш во Македонија. Уствари заборавив Северна, бидејќи и името дека ќе го вратиш ЛАЖЕШЕ, како и за сѐ друго што ЛАЖЕШ денес.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Франција пред денешните протести: И Мона Лиза…
Париз, но и во другите градови, за…
АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА: Иран ги засилил подготовките…
Американските разузнавачки служби предупредуваат дека Иран значително…
Трамп вели дека САД може да извршат…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон…
Закана од штрајкови во „Фолксваген“: Работниците бараат…
Работниците во „Фолксваген“ се заканија со штрајкови…
Британски авиони првпат во француска нуклеарна вежба:…
Британски борбени авиони „Тајфун“ првпат учествувале во…