Арсовска на средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од НОБ

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје ја одржа традиционалната средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.

На средбата градоначалничката Арсовска им се заблагодари за тоа што со жар секогаш говорат и го одржуваат споменот за пожртвуваноста, храброста и одлучноста на борците против фашистичкиот окупатор, кои го ослободија Скопје и Македонија за денешните и идните генерации да живеат во слободна држава.

Посакувајќи им добро здравје, градоначалничката Арсовска додаде дека на овој ден кој е празник на слободно Скопје, треба да се памети херојството и да се чува и развива нашиот град кој е синоним за соживотот и солидарноста.

– Нека ни е честит и вековит 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, порачаа од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меланија Трамп повика на трајно примирје во…

Првата дама на САД, Меланија Трамп, денеска…

Муцунски оствари средба со Варнс: Фокус на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…

Мелони предупредува: Европа ризикува да остане без…

Италијанската премиерка Џорџа Мелони предупреди дека Европската…

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…

Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…