Арсовска на увид на реконструкцијата на булеварот АСНОМ: Нови рабници, тотоари и зеленило
Градот Скопје ги реализира проектите од програмата избрана од граѓаните во континуитет, која содржи клучни барања за подобрување на градската инфраструктура, објави денеска на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска која изврши увид во реконструкцијата на булеварот АСНОМ.

-Со целосна реконструкција на булеварот АСНОМ од крстосницата со булевар Србија до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата За модерно Скопје.

Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9750м2, со нови рабници и тротоари во должина 1.100 метри, предвидено е нивелирање на шахти и сливници. За граѓаните од овој дел на градот, се подигнува ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување на 27.000 метри квадратни. – напиша Арсовска на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…
Скопјанец измамил познаничка за 25.000 евра —…
Полицијата вчера уапси скопјанец бидејќи ја измамил…
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради посета…
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска…