Арсовска: Некој кој не може себеси да си помогне не знам како би му помогнал на Градот Скопје, Ковачевски да си ги гледа неговите проекти!
Ковачевски наместо да дава небулотични изјави, да реализира некој капитален проект. Комично е некој кој себеси не може да си помогне да сака да му помогне на Градот Скопје, вели во денешното гостување на Канал 5 телевизија градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Покана не сме добиле но можам да кажам малку небулотична е таа изјава од два аспекти. Прво, можеби доколку му се чини на премиерот дека градот ништо не чини тоа е и од неговите советници кои се во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и ако сака да му помогне на градот нека ги советува неговите градоначалници да ги гласата во Советот проектите кои ги избраа граѓаните.
Некој кој не може себеси да си помогне не знам како би помогнал на Градот Скопје, еден капитален проект да немате, клинички центар, автопатот Кичево-Охрид, комично е некој да каже дека нешто е нефункционално, а да има директен придонес до неговата нефункционалност. Нека си апелира до неговите советници да бидат конструктивни и да гласаат за проектите за граѓаните од кои земаат паушали, вели Арсовска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…
Од Скопје до Приштина со воз за…
Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…
Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…
Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…
Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…
Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…
Завршена е постапката за набавка на новите…
Протестен марш во Скопје за поддршка на…
Со почеток во 14 часот во Скопје…