Арсовска: Ниту еднаш во изминатите 8 месеци концентрацијата на ПМ-10 честичките не ја надмина дозволената граница!

t

Од почетокот на минатата година сите кои ги следат состојбите со загадувањето може да приметат дека значително е намалувањето на ПМ10 честичките. Ниту еднаш во изминатите осум месеци мислам дека не беше надмината таа дозволена граница на присуство на тие честички, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во “Жешко политичко лето”.

– Граѓаните ќе се обидат со алтернативни начини да се загреваат со алтернативни начини и тоа е национален проблем, но сметам дека малку се посветува внимание и на справување со оние големи загадувачи кои постојат во државата.

Сметам дека не само Град Скопје туку и Министерството за животна средина и МВР, ДПЗ треба да се вклучат во оваа работа. Минатата недела имавме состанок со министерот за животна средина, следната недела имаме друг состанок. Се надевам дека оваа група ќе се работи, но сметам дека граѓаните не се примарни загадувачи туку поголеми индустриски капацитети кои континуирано загадуваат, вели Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…