Арсовска: Отпочнавме со санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници!

t

Градот Скопје започна со санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници, информира градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

– Град Скопје во соработка со Јавното претпријатие Улици и патишта од почетокот на годината отпочна со проект за санација на 36 мостови, надвозници и пешачки натпатници кои се во надлежност на Град Скопје.

Дел од мостовите и натпатниците како повеќедецениски предизвик и покрај потребата не биле санирани, а неопходни се реконструкции на коловози, тротоари и огради, со што значително ќе се придонесе за зголемување безбедноста. Со системско следење на надлежностите ќе се постигнат позитивни резултати, затоа што за овие инфраструктурни објекти неопходен е континуиран мониторинг со цел навремено санирање и редовно одржување, вели Арсовска.

Градоначланичката додава дека градежните работи за санација на оштетените патеки на мостот “Обединети нации” се завршени.

– Градот Скопје ги заврши градежните активности за санација на оштетените патеки на мостот „Обединети нации” со што е реализирано барањето на пешаците и велосипедистите кои секојдневно го користат овој мост, со што се овозможува зголемена безбедност за сите учесници во сообраќајот.

Во текот на градежните работи заменети се оштетените подни бетонски плочи со нови, реконструирани се патеките и санирана е заштитната ограда на мостот. Градежните работи на патеките на терен ги изведоа екипите на ЈП Улици и патишта, напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…

Најавена е директна авиолинија меѓу Скопје и…

„Од почетокот на март следната година, ќе…