Арсовска: Потпишан колективниот договор за вработените во градската администрација, конечно се унапредуваат правата за кои се залагаа долги години

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, само 50 денови пред преземањето на функцијата градоначалник на Град Скопје, ја поддржа иницијативата на Синдикалната организација на Град Скопје и потпиша нов Колективен договор со претседателот на синдикатот Филип Силјановски.

„Ова не е само чекор кон пoдобрување на работничките права на сите вработени во Град Скопје, туку со него се надминуваат спорните одредби кои во изминатиот период беа и предмет на судски спорови. Колективниот договор за првпат ги има вклучено и барањата на вработените во Противпожарната бригада коишто досега беа уредени со Правилник, со што се овозможува правично вреднување на нивниот труд и работа“, соопшти градоначалничката Арсовска
Со денешното потпишување на Колективниот договор за вработените во градската администрација конечно се унапредуваат правата за кои се залагаа долги години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…