Арсовска по заедничкиот консултативен состанок Македонија-ЕУ: Пристапните преговори да се искористат за активирање на процесот на децентрализација
Градоначалничката на Град Скопје денеска присуствуваше на заедничкиот консултативен состанок со ЕУ во врска со локалната самоуправа, каде се разговараше за хармонизација на македонската регулатива во врска со локалната самоуправа со регулативата на ЕУ и енергетската криза и како општините полесно да се справат со неа.
– Она што се дискутираше на првиот панел беше во насока на тоа дека треба да се преземат сериозни чекори за хармонизација на нашата легислатива со онаа на ЕУ, а ние истакнавме дека барањата на ЗЕЛС се за неопходност за отварање на посебен кластер во делот на оние преговори коои ќе ги има со ЕУ во делот на локалната самоуправа.
Треба да се искористат овие пристапни преговори за да се активира процесот на децентрализација на Македонија кој е во стагнација. Она што го гледаме е дека отприлика десеткратно се помали буџетите на општините во Македонија од оние во регионот и ЕУ.
Неопходно е да се зголемат надлежностите на локалната самоуправа.
Во вториот дел се зборуваше за енергетската криза, македонските општини реагираат на зголемувањето на енергенсите, особено помалите општини многу тешко се справуваат со кризата, истакна градоначалничката.
Арсовска додаде дека се разговарало за начините на кои европските градови се справуваат со оваа криза.









ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…