Арсовска: Работам исклучиво за интересите на граѓаните – Тоа не им одговара ниту на едната ниту на другата партија

t

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека чашата ја прелило тоа што очекувала поддршка да се бори за чесност, доблесност и против корупција,а таква поддршка не добила од страна на Мицкоски, туку сосем спротивното.

„Јас немам намера без разлика кои и да се последиците какви ќе бидат нападите, заканите или било што имаат од спротивната страна, да се повлечам. Не сум таква како личност и не дозволувам да некој злоупотреби било што, што е од она кое што сме ветиле дека ќе го правиме, а тоа е да го застапуваме интересот на граѓаните“, вели Арсовска.

Градоначалничката нагласи дека и во иднина како градоначалник ќе работи за доброто на граѓаните.

„Сето она што е во насока на злоупотреба сметам дека треба да се превенира. Тие личности и во самиот почеток на својот мандат потпишаа практично и изјави со кои што отпочнаа со еден процес практично ветинг односно со еден процес со кој што се заветија пред граѓаните дека ќе работат исклучиво во нивниот интерес и дека нема да застапуваат било какви криминални или коруптивни дејанија“, рече Арсовска.

Во врска со обвинувањата дека соработува со СДСМ и сличн Арсовска вели дека нема поддршка од никото и дека смета дека е на добар пат доколку не им одговара ниту на едните, ниту на другите:

„Не им одоговарам ниту на едните ниту на другите, а тоа за мене значи дека нешто добро правам во животот и планирам така да продолжам и понатаму“, рече Арсовска.

За тоа дека Арсовска добивала директиви директно од Будимпешта, вели дека тоа било повеќе од смешно.

„Кога човек се наоѓа во таква незавидна позиција во каква што се наоѓаат овие луѓе сега, верувам дека единствениот излез им е да манипулираат, да измислуваат и да пласираат невистини“, вели таа.

Арсовска потврди дека повеќе не е почесен конзул на Унгарија во Македонија затоа што се откажала од сите позиции на кои била откако станала градоначалничка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Арсовска: Не планирам да одам на…

Во денешната епизода на Наше Скопје, градоначалничката…

Арсовска: Работам во интерес на граѓаните со…

На денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје…

(Видео) Арсовска: Можат да ме прават агент…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во…

(Видео) Арсовска до Шилегов: Кој губи има…

Во денешната епизода на “Наше Скопје”, градоначалничката…

Отворена првата Правна клиника во Средното училиште…

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска…