Арсовска се сретна со министерката Шукова: Се формира меѓуресорска група за заштита на животната средина
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска оствари средба со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова.
-Денес остваривме средба со Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, на која дискутиравме за активности во делот на животна средина кои двете институции треба да ги спроведат со взаемна координација и соработка.
Активностите поврзани со заштитените подрачја во рамките на Градот Скопје, прашања поврзани со одржливо управување со отпадот и пречистувањето на отпадните води беа клучните теми.
Градот Скопје за прв пат формира меѓуресорска група која за своја цел има конкретни активности за заштита на животната средина, со вклученост на сите релевантни институции и организации кои можат да придонесат за квалитетни решенија за тековните предизвици. – напиша на Фејсбук градоначалничката Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…
Скопјанец снимен како од камион истура градежен…
50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…