Арсовска: Скопје нема да ја заборави хуманоста и солидарноста на целиот свет
Гадоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска положи свежо цвеќе на споменикот подикнат во сеќавање на жртвите од земјотресот во Скопје.
-На денешен ден пред 60 години, градот Скопје беше погоден од најголемата катастрофа во поновата историја. Во чест на загинатите положивме цвеќе на споменикот подигнат во сеќавање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
Овој ден засекогаш ќе биде врежан во колективната меморија на скопјани, на овој ден се сеќаваме на жртвите, но и искажуваме благодарност на сите оние кои учествуваа во спасувањето на животи од под урнатините.
Скопје никогаш нема да ја заборави ниту хуманоста која ја покажа светот и на овој ден изразуваме благодарност кон сите оние народи и држави кои помогнаа градот повторно да се изгради. Скопје памети, скопјани се благодарни на помошта, хуманоста и солидарноста. Никогаш нема да ја заборавиме подадената рака, секогаш сме поддршка и ќе пружиме помош кога таа е најпотребна. – напиша Арсовска на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
(Видео) Први снимки од земјотресот во Колумбија,…
Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…